773
Градот Теба во централна Грција денеска го потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван на целиот полуостров во Атика, а според податоците на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри источно од Теба, пренесе агенцијата АНА.