Силјановска избега- Пендаровски разочаран!

од Vlatko K

Навистина се разочарав кога слушнав дека мојата против кандидатка Силјановска не се појавила на дебатата „Жешко столче“ на телевизија Телма, прокоментита Стево Пендаровски на својот фејсбук профил.

Верував дека барем во однос на дебатите ќе покаже различна политичка култура од онаа ВМРО-ДПМНЕ, култура на бегање од јавни соочувања со критички настроени новинари.

Разбирам дека во изминатите денови колешката имаше неколку незгодни ситуации и гафови, но бегање од интервјуа не е во ред.

Јас од друга страна ја прифатив оваа дебата и овде може да го погледнете моето гостување.

Ветувам дека и како претседател ќе бидам секогаш достапен за медиумите и граѓаните, напиша претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Слични содржини