Силниот ветер ја урна новогодишната елка во Тирана

од Aleksandar Petrovski
407 прегледи

Силниот ветер, кој зафати повеќе делови во Албанија, ја урна новогодишната елка, која беше поставена во центарот на Тирана, на плоштадот Скендербег.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, изјави дека три лица се полесно повредени апелирајќи до граѓаните да бидат претпазливи и да избегнуваат излегување на улиците или да останат на места каде што постои опасност.

„Силен ветер во Тирана, ве молиме избегнувајте движење и престој на места каде има предмети или дрвја што го загрозуваат животот. Пријавете се за било каков проблем на бројот за итни случаи 112. Нашите вработени се на терен да им помагаат на секој граѓанин, напиша Велиај на Фејсбук.

Освен новогодишната елка, во Тирана ветрот искршил најмалку седумдесеттина дрвја а предзвикал и матерјална штета во објекти,каде има скршени прозорци.

Вработените во комуналнте претпријатија се вклучени во нормализирање на ситуацијата создадена од силниот ветер.

Министерството за одбрана, преку Националната агенција за цивилна заштита, со оглед на невообичаената состојба со силнот ветер во неколку области од земјата, ги повика граѓаните да не се задржуваат во близина на згради,други високи објекти, дрвја и други објекти кои претставуваат опасност.

Освен силниот ветер Албанија ја закова и студот. Синоќа измерена е температура од минус 11 степени.

Слични содржини