212
Силно невреме ја зафати Макарска ривиера вечерва меѓу 19 и 20 часот, а во каналот кај Брач се формира вртлог што за среќа не стигна до копното. Бурата, како што пишува хрватски „Јутарњи лист“, ги погоди подрачјата на Брелa, Башка Вода и Макарска.
„Далмација денес“ јавува дека во Башка Вода за еден час наврнале преку 30 литри дожд на метар квадратен што предизвика поплава на улиците. Нивото на водата на некои места било повисоко од 20 сантиметри.
Нешто по 19.30 часот е забележан вртлог и на морето меѓу Макарска и Брач. Атмосферската појава се протегала до површината на морето и според проценките била долга околу еден километар.