Силно невреме во Шпанија: Поплави на улиците, луѓе заробени во автомобили (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Силното невреме кое ја зафати Сарагоса, Шпанија, предизвика големи поплави на улиците кои носеа автомобили.

За нешто помалку од еден час во некои делови од градот наврнале 54 литри на метар квадратен, додека за време на најсилниот дожд за само 10 минути паднале дури 20 литри.

Десетина заробени возачи вчера мораа да бидат спасени од пожарникари или дури и нуркачки тимови, откако едвај ја издржале силата на водата која се движела до покривот на нивните возила.

Драматични снимки покажуваат луѓе како се држат за покривот на автомобил додека поројот носи автомобили.

Немаше несреќи со повредени, но во прекин е трамвајскиот и автобускиот сообраќај. Многу возачи останаа заробени во своите возила или прилепени за дрвја.

Спасувачите ги спасувале затрупаните возачи дури и со јажиња и автоматски скали.

Ветерот што го придружуваше невремето бил 92 километри на час.

Слични содржини