Силувачите на малолетнички за малку ќе беа ослободени од затвор во Турција, ако потоа се оженеа со силуваните!

од desk3
105 прегледи

 

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави денеска дека прашањето поврзано со нацрт-законот за раните бракови „засега се затвора“.

sultan erdogan

Владата денеска ја отстрани спорната одредба од нацрт-законот, која се однесува и на сексуалните злосторства врз децата.

– Доколку политичките партии постигнат широк консензус по ова прашање во иднина, тогаш тоа ќе може да биде вратено на дневен ред, но засега прашањето е затворено, рече Боздаг, кој зборуваше во Парламентот.

Министерот за правда изјави дека Владата не успеала добро да ја појасни содржината на нацрт-законот.

– Всушнот нацрт-законот не ги вклучуваше силувачите, не успеавме тоа добро да го појасниме. Поради реакциите на луѓето ја отстрануваме таа одредба, рече Боздаг.

Со нацрт-законот се предвидуваше во одредени случаи да има укинување на пресуда кон лице, осудено за сексуален напад врз малолетничка, доколку извршителот склучи брак со жртвата.

Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) вчера објави дека го повлекува нацрт-законот со цел да бидат извршени дополнителни консултации во врска со него./MИА