Синдикатот на културата ги поздрави мерките на министерката за покачување на платите на директорите

од Vladimir Zorba

Од октомвриската плата, директорите во институциите од културата ќе земаат поголеми плати, потег што беше поздравен од Синдикатот на културата.

Октомвриските плати на директорите ќе бидат за 40 до 50 отсто повисоки, како резултат на колективниот договор во кулутрата, кој според синдикатот беше оценет како еден од најдобрите во регионот.

Од синдикатот сега побараа од директорите покомпетна организација на работниот процес во своите институции, борба за посдржајна програма и повеќе проекти, финансирани од државата, но и од европските и меѓународните фондови.

Според синдикатот директорите треба да ги ангажираат сите вработени во работниот процес, да обезбедаат соодветни услови за работа во институциите, но и да се заложат за правата и потребите на своите вработени.

Слични содржини