Синдромот на скршено срце го оштетува срцето исто како и инфаркт

од desk2
196 прегледи

Скршеното срце може да предизвика оштетувања на срцевиот мускул исто како и срцевиот удар. Главно, тоа се јавува како резултат на емоционален стрес, предизвикан од тага или лошо раскинување.

Во Велика Британија илјадници луѓе страдаат од таканаречно такоцубо, односно синдром на скршено срце. Зборот такоцубо, доаѓа од јапонски збор за октопод, затоа што левата комора изгледа како да го лови целото срце.

Истражувачите докажаа дека срцето може да ослабне и кога одредени случувања во животот влијаат врз човекот.

Порано се мислеше дека тие влијание се краткотрајни, но сега докажаа дела може да направат трајни оштетувања на срцето.

Стидијата во која учествуваа десетици лица кои патат од синдромот на скршено срце покажа дека срцето трајно слабее, а пациентите за време на истражувањето редовно правеле улразвук и магнетна резонанца.

Резултатите покажале дека тие не можат да вежбаат и брзо се уморуваат.