Синер ги следи стапките на најголемите асови во историјата

од Vladimir Zorba

Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Пит Сампрас, Андре Агаси и – Јаник Синер. Ова се единствените тенисери од 1990 година кога е воспоставен ваков натпреварувачки календар, кои сезоната ја започнаа со најмалку 15 победи.

Годинешната серија на 22-годишниот Италијанец влезе во првите десет по бројот на мечеви без пораз од 1990 година. Рекордер е Ѓоковиќ, кој во 2011 година победи на 41 меч – од почетокот на годината до полуфиналето на Ролан Гарос. Србинот ја има и втората најдолга серија – 26 победи во 2020 година.

Надал е трет со 20 последователни триумфи од почетокот на сезоната во 2022 година, потоа Ѓоковиќ (2013), Сампрас (1997) и Федерер (2018) имаат по 17, Федерер во 2006 година шеснаесет и Ѓоковиќ (2023), Агаси (1995 година) Синер сега по 15. Секако дека Италијанецот може да ја продолжи оваа серија бидејќи се уште е во игра и вечерва има четвртфинален натпревар против Чехот Лехечка во Индијан Велс.

Интересно е и тоа што ваквите почетоци во повеќе наврати донесоа повеќе Гренд слем титули во текот на сезоната како и искачување на првото или второто место на светската листа.

Федерер најдобро го искористи својот одличен старт во 2006 година, освојувајќи три Гренд слем турнири, вкупно 12 титули и беше број 1.

Ѓоковиќ во 2011 година освои исто три Гренд Слем трофеи, вкупно 10 пехари и дебитираше на првото место, додека во 2023 година освои три Гренд слема, вкупно седум трофеи и број 1.

Сампрас освои два Гренд слема во 1997 година (вкупно осум титули) и број еден и Надал во 2022 година (четири титули) и број 2. Останатите не успеаја да додадат уште еден Гренд слем трофеј по Австралија Опен.

Трофејното салдо на Синер моментално е послабо од споменатите бидејќи има вкупно само две титули, од Мелбурн и Ротердам, додека е на третото место на светската листа.

Тој има вистинска шанса во Индијан Велс, а ќе видиме како ќе биде подоцна. Она што е многу веројатно е дека Италијанецот во моментов нема игра за константна победа на земјена подлога на големите турнири, па дури и да ги освои двата мастерси во САД, тогаш ќе наиде на многу повеќе проблеми.

Но, дури и да биде сопрен оваа недела во пустината во Калифорнија, Синер направи многу и нема сомнеж дека неговото време доаѓа.

Слични содржини