Синот на сојузник на Путин претепал затвореник, полицијата нема да го гони

од Stefanija Kuzmanovska

Синот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров нема да одговара законски за претепување на беспомошен затвореник, објавија денеска медиумите. Во септември, чеченскиот лидер објави видео на интернет на кое се гледа како неговиот 15-годишен син Адам брутално тепа беспомошен затвореник, велејќи дека е горд на својот син.

Жртвата е Русин кој јавно го запали Куранот, тој бил префрлен во мнозинската муслиманска Чеченија

Жртвата е 19-годишен Русин, кој беше уапсен во мај за јавно палење на Куранот во Волгоград, а потоа бил префрлен во затвор во Чеченија, руска република со мнозинско муслиманско население. Полицијата во Грозни, главниот град на Чеченија, го затвори случајот против Адам Кадиров со образложение дека е малолетник, објави денеска „База“, канал поврзан со апликацијата Телеграм.

Родителите се одговорни за постапките на нивните деца според рускиот кривичен закон. Сепак, нема информации дека е отворена истрага против Рамзан Кадиров.

Остри реакции во Русија

Објавеното видео предизвика бурни реакции во Русија, не само од групите за заштита на човековите права, туку и од екстремно десничарските националисти кои бараат Кадиров да биде кривично гонет поради тоа. Сепак, минатата недела Кадиров беше гостин на рускиот претседател Владимир Путин, кој јавно го прими и го пофали.

Со години, активистите за човекови права го обвинуваат 46-годишниот Кадиров за сериозни прекршувања на човековите права како киднапирање, тортура и убиства.

Слични содржини