Сирија: Израел нè НАПАДНА (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сириската државна телевизија објави дека Израел ја нападнал таа земја.

Како што наведуваат, главните аеродроми во главниот град Дамаск и северниот град Алепо биле цел на израелскиот напад.

Локалниот медиумски канал Шам ФМ објави дека сириската противвоздушна одбрана била активирана како одговор на нападот.

Според се уште непотврдени информации, нападот се случил непосредно пред иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан да слета во Дамаск, па неговиот авион се свртел и се вратил во Техеран.

Слични содржини