Сиријка измрзна на границата БиХ-Хрватска, роди мртво дете

од desk2
120 прегледи

Прва мисла ми беше да ги спасиме децата, вели на почетокот на разговорот за „Дневни аваз“ Марин Посавац, хрватски граничар, кој пред три дена учествуваше во акција за спасување на 15 мигранти завеани на Пљешевица (планина на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска).

Шест деца, пет жени и четворица мажи тргнале од Бихаќ, БиХ пешки преку планината во Хрватска, по длабок снег и температури под нула степени.

Во рутинска обиколка на теренот на Пљешевица, каде снегот овие денови е и до 70 сантиметри, хрватските полицајци забележале група мигранти. Нив ги спасиле граничните полицајци кои од Кореница на раце ги пренесле до возилата на итната помош.

Заради многу ниските температури, силниот ветар и снежните наноси неколку деца измрзнале, а некои биле во несвест. Прво што им паднало во очи, вели Посавац, биле токму тие деца. На возраст од една до 10 години.

Мигрантите биле од Ирак и од Сирија

„Помислив на својата 4-годишна ќерка. Го зграбив едното дете од 1,5 години, а моите колеги другите деца, и ги замоливме возрасните да ги однесеме фо нашите автомобили и да им ги спасиме животите, затоа што беа многу измрзнати“, раскажува Посавац.

Кога девојчето малку се загреало во неговата прегратка, полицаецот Посавец забележал:

„Спиеше со солзи во очите… Жал ми е. Го несев детето час и половина до нашиот авотомобил. Беѓе ноќ, а снегот длабок. Постапивме човечки со една цел да ги спасиме од дивите ѕверки и од жестоката зима.

Во акцијата учествувале службеници од граничната и специјалната полиција. Од пет жени, две биле трудни во деветти месец. Од својата опрема полицајците импровизирале носила и жените во висок степен на бременост ги однеле до возилата.

„Секој кој бил на Пљешевица знае за каков терен станува збор. Од таму и без снег е опасно да се движиш, особено за луѓе кои прв пат се на планина. Ние, за среќа,бевме подготвени и имавме сила да им помогнеме и сите безгрижно да ги однесеме до болницата во Госпиќ“, вели полицаецот Посавац.

Со него бил и колегата Младен Томиќ. Кога новинарите од „Аваз“ разговарале со нив тие повторно биле на Пљешевица, барајќи изгубени мигранти.

„Сега овде има речиси метар снег. Големо невреме. Што се однесува на ноќта кога им помогнавме на овие луѓе, за жал не успеавме да го спасиме бебето на трудната жена. Таа од умор, измрзнатост и повреди роди мртво бебе. Еден живот успеавме да спасиме, другиот не“, вели Томиќ.

Тежок терен
Две жени останале во болницата, а другите се сместени во кампот за бегалци во Осиек, каде им се утврдува идентитетот.

„Останавме изненадени како успеале со децата да се качат на врвот на планината. Еве сега, во овие моменти нема шанси да се качиме ние до врвот, затоа што е длабок снегот и многу е студено. И таа ноќ ние заглавивме во снегот, а теренот го обиколивме пешки“, вели на крајот Томиќ.

Ни најискусните планинари не се осудуваат да одат на Пљешевица
За каков тежок терен се работи, најдобро говори фактот што и планинарите, ловџиите и останати авантуристи од двете страни на Пљешевица чекаат до мај за да се качат на нејзините врвови.

Не треба да се заборават бројните мински полиња на овие простори, на кои се предупредува со жолти линии по шумските патишта и козји патеки.

Мигрантите немаат избор.