Сите се прашувале зошто има застој на патот, а потоа виделе дека доаѓа чудо од 96 метри

од desk2
157 прегледи

Возачите во Алберта биле зачудени од неверојатна глетка на авто-патот, кога забележале караван од камиони кои влечат огромен товар.

Дел од опремата наменета за петрохемиската индустрија има околу 800 тони и е долга 96 метри. Камионите оделе во Форт Саскачуен каде ќе бидат дел од петрохемиски комплекс.

Кога ќе го вградат во текот на оваа година, комплексот ќе биде повисок од ски скокалниците користени во текот на Олимписките зимски игри во Канада во 1988-ма година. Тоа би требало да биде прв погон за дехидрогенизација на пропан во Канада.

За да го пренесат на таа локација потребни биле четири дена, што предизвикало повремени застои во сообраќајот. Заедно со сите возила, овој караван е долг 179, широк 9,5 и висок 13 метри.

Неговата намена е да го раздвои пропиленот од пропанот, кој потоа се претвора во полипропилен, пластика за рециклирање.