СЈО ќе бара на Јавна седница да се разгледува жалбата за притворот на Грујовски

од desk2

Специјалното јавно обвинителство ќе бара на јавна седница Апелациониот суд во Скопје да ја разгледува жалбата за поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујовски, обвинет во случаите “Тврдина” и “Таргет”, кои СЈО ги спои во едно обвинение. Неофицијално, седницата која СЈО ја бара се однесува на жалбата на одлуката со која Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 место притвор, на Грујовски му определи мерки на претпазливост.

Специјалното јавно обвинителство до сега поднесе вкупно 30 жалби на одлуките на Кривичниот совет. Жалбите на СЈО сѐ уште се во Основниот суд Скопје 1, бидејќи тече рокот од три дена за спротивставената страна, во овој случај одбраната, да одговори на жалбите, па откако тие ќе се комлетираат, ќе бидат испратени во повисокиот суд на разгледување и одлучување.

Од Основниот суд Скопје 1 велат дека жалбите сѐ уште се комплетираат.

Слични содржини