Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева изрази задоволство што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека е можно да се очекуваат и други покрупни предмети.

– Задоволни сме што ни се проширува надлежноста. Не сме ограничени само на „бомбите“ бидејќи во периодот кога анализиравме сметавме дека има и други прекршувања на Крвичниот зкаоник. Затоа може и да отвориме многу покрупни предмети освен овие што ги имаме, изјави Јанева.
Таа изрази уверување дека ќе продолжи СЈО да работи со истото темпо како што работи во овој период.
Идната надела најави таа, ќе биде презентиран пред јавноста извештај за работата на СЈО.
https://www.youtube.com/watch?v=9fYt6VEikxg