Скандал на Оскарите: Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на сцената.

На доделувањето на Оскарите се случи инцидент, кога комичарот Крис Рок ја коментираше Џејд Пинкет-Смит, сопругата на Вил Смит. Тој рече дека Џејд, која носи многу кратка фризура бидејќи има алопеција, личи на Деми Мур во филмот „Џи Ај Џејн“.

Откако Рок го кажа она што требаше да звучи како шега, Смит отиде на сцената и го удри Рок по што се врати на своето место и му порача да не го споменува името на неговата сопруга, придружено со пцовки.

Рок подоцна се извини на сцената.

„Сакам да и се извинам на Академијата. Сакам да им се извинам на сите мои номинирани колеги“, рече тој.

Слични содржини