75
Натпреварот Скопје – Гевгелија од В-групата во Купот на Македонија за ракометарки го одбележаа скандалозни сцени. Во финишот од натпреварот ракометарки на двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно промашуваа кога беа во напад за да не победат.
Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши. На крајот Гевгелија победи со 17:16.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.