Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека „не може да се шпионира сојузник“, откако американските медиуми објавија дека САД ја зголемиле својата активност во собирањето разузнавачки податоци за Гренланд, полуавтономна данска територија. Изјавата следува по објавувањето на напис во „Волстрит џурнал“, во кој се наведува дека САД собирале информации за движењето за независност на Гренланд и за расположението на локалната заедница кон можната експлоатација на природните ресурси на островот.
Danish PM Mette Frederiksen condemns #US intelligence gathering efforts in Greenland, stating: "You should not spy on an ally." Tensions rise as the US revisits interest in the strategic island. #Greenland #Diplomacy #USDenmarkRelations #Denmark #DonaldTrump pic.twitter.com/51kil8PhSX
— World Watcher (@World__Watcher_) May 9, 2025
Премиерката Фредериксен ја оцени објавата како „гласини“, додека изворите од „Волстрит џурнал“ го цитираа американскиот разузнавачки персонал под надлежност на Тулси Габард, директорка на Националното разузнавање, која наводно дала наредби за собирање на овие податоци.
Во своето соопштение, Канцеларијата на Габард го осудија написот, истакнувајќи дека „Волстрит џурнал“ ја поддржува „длабоката држава“, која наводно работи на поткопување на американскиот претседател Доналд Трамп преку протекување на класифицирани информации. Канцеларијата нагласи дека овие дејства се незаконски и ги загрозуваат безбедноста и демократијата на САД, додавајќи дека одговорните ќе бидат санкционирани.
Како резултат на оваа ситуација, Данска го повика американскиот вршител на должноста амбасадор во четвртокот за да побара објаснувања. Вршителот на должноста, шеф на мисијата на американската амбасада во Копенхаген, Џенифер Хол Годфри, се сретна со високиот дански дипломат Јепе Транхолм-Микелсен во Министерството за надворешни работи на Данска.
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изрази негодување за американските изјави, посочувајќи дека територијата никогаш нема да биде парче земја или имот кој некој може да го купи. Минатиот месец, Фредериксен изјави дека САД не можат да анектираат земја, дури и ако меѓународната безбедност е загрозена. Во исто време, американскиот државен секретар Марко Рубио нагласи дека САД ќе го почитуваат правото на самоопределување на Гренланд, додавајќи дека неговите жители не сакаат да бидат дел од Данска.