Ски-лифтовите на Попова Шапка не се во функција

од Stefanija Kuzmanovska

Поради оштетените ски-патеки како последица од неповолните временски услови, ски-лифтоивте и жичниците од саботата не работат, информираат од ски-центарот Попова Шапка.

Оттаму објаснуваат дека деновиве снегот се топел и значително ја намалил снежната покривка, а немало нови врнежи.

„Ги информираме љубителите на скијањето дека Ски-центарот Попова Шапка нема да биде во функција поради неповолните климатски услови од кои се оштетени ски–патеките.Чекаме врнежи од снег.За каква било промена на состојбата навремено ќе ве известиме“, соопштија од ски-центарот.

Слични содржини