Додека целиот свет ги обедини силите во борбата против коронавирусот, одговорните во БИХ тврдат дека се уште нема случаи на зараза.
Сепак сараевскиот музичар и инструктор по скијање Енес Златар тврди дека во сабота се вратил од италијанските Алпи каде бил ангажиран како инструктор по скијање и дека според инструкциите на Кризниот штаб се јавил на дежурен епидемолог.

Причина повеќе е што како што вели и во Италија почнал да се чувствува лошо.
Според упатствата по јавувањето би требало да следи доаѓање на медицински тим на адресата, преглед и одредување на понатамошен третман.
Но и покрај кашлањето и чувството на слабост, тестот го чека веќе четири дена.
„Не можеме ние тоа да го спречиме, така е со вирусите, се шират“, му рекле преку телефон.
-Од Италија се вратив во саботата. Тогаш немаше никаква информација за ширење на вируси во таа земја. Но кога се вратив видов што се случува таму дека бројот на заразени и мртви е се поголем. Дури и скијачкиот центар во кој престојував беа забележани три случаи на зараза. Се јавив на бројот на телефон на дежурниот епидемиолог кому му кажав за слабоста и силното кашлање. Ми земаа податоци и кажаа дека ќе дојдат да ме тестираат, но не се појавија. Следниот ден пак се јавив. Ми кажаа зошто би ме тестирале ако немам температура, убедувајќи ме дека не сум заразен. Се јавив и во амбуланта каде ми кажаа да не доаѓам туку две недели да бидам дома, истакна Златар за локалните медиуми.