Скопјанец паднал од велосипед и тешко се повредил

од Берта Китинска

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако паднал во велосипедот со кој управувал.

-Вчера во 09:00 часот на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, било пријавено дека 67-годишниот Д.Г. од Скопје, кој управувал велосипед, изгубил контрола и паднал. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје – информира МВР.

Слични содржини