124
„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња ’26 јули‘ и ’Беко‘. Сега тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“ рече Шилегов.
Од денеска преку анкета граѓаните на Скопје ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рече градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Шилегов кажа дека Скопје по земјотресот е изграден благодарение на светската хуманост и солидарност, но за жал претходната власт многу од тие спомени избришала. Затоа тој ќе побара од граѓаните да ги предложат имињата за објекти и улици, со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.
56-годишнината од земјотресот синоќа се одбележува со концерти на Влатко Стефановски, Биља Крстиќ, Танос Ставридис и „Биг бенд“.