Скопје, Тетово и Гостивар на врвот, според бројот на заразени

од Берта Китинска

Во моментов во земјава најмногу активни случаи има во Скопје – 3.421, а потоа следуваат Тетово со 1.754 и Гостивар со 1.518.

Според податоците од надлежните во земјава нема ниту еден град без заразени од ковид-19.

Салата „Борис Трајковски“ повторно ќе биде отворена за вакцинација од среда, најдоцна четврток, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа се прави за да се намали притисокот врз вакциналните пунктови по здравствени домови, каде што изминативе две недели има гужви и се вакцинираат по над 10 илјади граѓани дневно. Масовната вакцинација во салата „Борис Трајковски“ почна во април, а пунктот беше затворен на крајот на јули.

„Добро се одвива процесот на имунизација во сите пунктови. Во поголемите вакцинални пунктови во Скопје, Бит Пазар, Јане Сандански, Букурешт и Ѓорче Петров се работи во две смени, во сабота само во една, а во сите други градови согласно распоредот на вработените. Имајќи го предвид големиот притисок, во среда, најкасно четврток ќе се отвори повторн салата ‘Борис Трајковски’, за што дел од вработени во Здравствен дом, кои беа на годишни одори ги прекинаа порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде помалата сала, не големата, но ќе има 20-тина места за вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите кои ги имаме пред здравствените домови“, изјави Филипче

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 167.991, бројката на оздравени пациенти е 151.957, на починати е 5.654, а бројот на активни случаи изнесува 10.380. Досега во земјата се направени вкупно 1.101.838 тестирања на ковид-19.

Слични содржини