„Skopje Wine Expo“ од денеска на платото пред НОБ

од desk4
179 прегледи

Традиционалниот македонскиот вински фестивал Skopje Wine Expo“ почнува од денеска во Скопје, кој на посетителите ќе им понуди македонски вина и музика за сите вкусови.

Посетителите ќе ги забавуваат доајените на македонската музичка сцена Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско, како и бугарскиот пејач Графа, групата Нокаут, Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект – Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.

Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје. Програмата започнува секој ден во 18 часот на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред НОБ. Фестивалот трае до 28-ми овој месец.

Слични содржини