СКОПСКО започна нова кампања „Отвори СКОПСКО за…“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Најголемиот македонски пивски бренд СКОПСКО ја започна својата нова кампања „Отвори СКОПСКО за…“ која има за цел да ги инспирира луѓето да погледнат околу себе, да ги препознаат и да ги слават убавите моменти што ги создаваме заедно, а кои го прават светот чудесен.

-Без разлика на предизвиците со кои се соочивме и промените кои се неминовни она што останува секогаш исто е убавината на моменти кои ги споделуваме со луѓето што ни значат преку кои продолжуваме да го славиме животот и сваќаме дека навистина е потребно само малку за биде убаво –велат од Пивара Скопје и додаваат:

– А Скопско е неизбежен дел од овие моменти и токму поради ова, отворено СКОПСКО за секој од нас е е симбол на заедништво, солидарност и верба во подобро утре.

Видеото за кампањата го режираше нашата режисерка, Марија Апчевска, а музиката е на Ристо Вртев, во нов аранжман на „Новоградска“, за да нѐ потсети дека малку е потребно за да видиме дека ове е нависитна „чудесен свет“ во кој ЗАЕДНО И СЕ Е МОЖНО!

Слични содржини