Скоро 17.000 случаи во еден ден: Франција постави црн рекорд

од Vladimir Zorba

Франција објави скоро 17.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е за околу 5.000 повеќе од претходниот ден, со што се постави нов неславен дневен рекорд.

Бројот на заразени во Франција е зголемен за 16.972, досега се пријавени вкупно 606.625 случаи, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека тоа е повеќе од минатонеделниот рекорд од 16.096 новозаразени за еден ден.

Бројот на смртни случаи е зголемен за 49, а досега 32.198 лица починаа во Франција како резултат на Ковид-19.

Слични содржини