Почетна / Бизнис / СКСЗМ: Последиците од вирусот нанесоа големи штети во економски аспект, што поскоро да сe формира нова Влада

СКСЗМ: Последиците од вирусот нанесоа големи штети во економски аспект, што поскоро да сe формира нова Влада

Имајќи го во предвид фактот дека рокот за формирање на Владата истекува, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија апелира до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата Влада, давајќи и приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од глобалната пандемија на COVID-19, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

„Економијата на Северна Македонија поминува низ длабока криза, со која никогаш се немаат соочено ни компаниите ни државните институции. Главен извор на оваа криза е пандемијата на COVID-19, па затоа формирањето на новата Влада и целосното функционирање на државните институции е неопходно, со цел да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат понатамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економски аспект кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е Северна Македонија да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на Владата.

Од особено значење е што во структурите на Владата која ќе се формира, да бидат поставени аполитички експерти од областа на економијата, кои ќе бидат во постојана консултација со деловниот сектор и економските експерти, за процесите на одлучување и управување со економијата на земјата бидејќи во спротивно ќе имаме простор за неефикасна и политизирана Влада“, велат од СКСЗМ.

loading...