Славески против повисока минимална плата

од Vladimir Zorba

Според зборовите на професорот Трајко Славески, кој беше поранешен министер за финансии во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, барањата на ССМ за зголемување на платите на работниците на 18.000 се неоправдани и нереални.

Тој во изјава за „ТВ 24“ Вести отворено застанува зад Организацијата на работодавачи сметајќи дека ваквото зголемување на платите би било оптоварување за компаниите и може да доведе до нивно затворање.

„Ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, вели Славески.

Славески со ваквите изјави директно го руинира преговарачкиот процес во кој Владата се обидува да најде компромисно решение меѓу ССМ и работодавачите, давајќи им арумент повеќе на една страна во економскиот совет.

Слични содржини