Славната актерка пред развод: Џулија Робертс може да изгуби 200 милиони долари

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Според извештаите на странските медиуми, Џулија Робертс, холивудска актерка, се разведува од сопругот Даниел Модер.

Како што се наведува, семејството на Дени не може да ја поднесе славната актерка, па неговата сестра Џил Модер во неколку наврати отворено изјави дека Џулија е вообразена, разгалена дива која бара посебен третман не само за себе, туку и за своите деца.

Таа бара кога ќе ги вози своите деца на училиште, да и се обезбеди посебен паркинг само за неа, додека нејзините деца на училиште јадат само одбрани оброци.

Покрај тоа, се наведува дека тие се обиделе на сите начини, пред години, да го спасат бракот, но ништо не помогнало.

Веста е дека актерката разводот, наводно, може да ја чини дури 200 милиони долари!

Да потсетиме, Џулија и Даниел се во брак од 2002 година и имаат три деца: Хејзел, Финеј Волтер и Хенри Даниел.

Слични содржини