Следниот месец ќе има покачување на платите на сите припадници на Армијата

од Берта Китинска

Од 1 ноември ќе следи покачувањето на платите на сите припадници на Армијата, информира министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Сакавме уште еднаш да потврдиме дека продолжува имплементцијата на измените на Законот за служба во армијата, кои беа изгласани пред неколку месеци во Собранието. И со оглед на тоа да не се појават некакви недоразбирања, вчера одржавме конструктивна средба со претставниците на сите четири синдикати. Уште еднаш застанавме на она што беше претходно договорено. Дека од 1 ноември ќе следи покачувањето на платите на сите припадници на Армијата. И за воени и за цивилни лица, за околу 2000 денари, нешто над 2000 денари, согласно покачувањето на цените и она што се случува во економијата, појасни министерката.

Слични содржини