Случај „27-ми април“: Судењето продолжува на 16 февруари

од Nikola Popovski

Судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година продолжува на 16 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци на одбраната, како поранешната заменик министерка за правда Биљана Бришковска Бошковски, Цветан Трипуновски, поранешниот директор на Водовод, Александар Атанасов, и поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов.

Тој ги нарече небулози информациите дека на 27 април 2017 година планирал да прогласи воена состојба.

Во 2001 година, зборуваше Иванов, дека не се прогласила воена состојба, а во 2017 таква теза се пласирала само за да се дискредитираат армијата и врховниот командант.

Прашан како тогашен претседател на државата, каков бил неговиот став за граѓанското движење “За заедничка Македонија”, Иванов рече дека тој јавно неколку пати ги поддржал, преку негови јавни излагања и соопштенија.

Обвинети во случајот за организација на 27 април се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски. Тие седат на обвинителна клупа за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Слични содржини