Жителите од блокот Скојанка во скопски Аеродором биле загрозени всушност од валкани пелени кои не биле исфрлани во контејнер.

Мирисот на Амонијак кој ги возбуди граќаните кои побараа помош од пожарникари и единици на АРМ за биохемиски отрови бил поттикнат од големо количество валкани мелни пелени во еден од становите во зграда во ТЦ Скопјанка во Аеродром . Според првичните информации, во станот живееле две жени, од кои едната на возраст од околу 90 години.
Ова го утврдила специјална екипа на АРМ која дури по пет часа откако станарите беа евакуирани пристигнала до зградата со специјална опрема, а го потврди и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Службите ќе го исчистат станот од којшто произлегла миризбата на амонијак и ќе ја дезинфицираат целата зграда. Градоначаникот Шилегов кој вечерва беше на местото рече дека социјалните служби се известени за двете жени кои што живеат во станот и ќе преземат мерки за да им помогнат.