Снег на повисоките и услови за замрзнат дожд на пониските места, температура до 10 степени

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Температурата ќе се движи од -6 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 6 степени.

Слични содржини