Снег во Франција

од desk2
301 прегледи

Невреме пропратено со грмежи и град зафати неколку земји низ Европа во текот на викендот, а во југоисточна Франција заврна снег.

Обилни врнежи дожд имаше во делови од Германија, Италија и Франција, каде во некои делови на повисока надморска височина наврна снежна покривка од 40 сантиметри.

Снег среде мај врнеше во Лозар, Ардеш и Горна Лоара во североисточна Франција.

Во овие области е огласена портокалова тревога што според Метео Франс ќе важи до утре.

Според метеоролозите, снег уште паѓа на местата на надморска височина над 1.000-1.200 метри.