Снегот во БиХ урна покрив на училишна сала, се бара помош од војската

од desk2

Големите снежни врнежи во делови од Босна и Херцеговина предизвикаа проблеми, па така поради тежината на снегот се урна еден покрив на училишна сала во Бихаќ.

За среќа во инцидентот нема повредени. Покривот што се урна е на сала која се уште е во изградба. Наставата во ова училиште е прекината, а не се знае кога ќе продолжи. Министерствотот за образовани на сите училишта им нареди од понеделник да не работат.

Работниците на комуналнит епретпријатија деноноќно чистата, за улиците да се проодни, но од ден во ден има нови наноси од снег.

Сите служби работат со полна пареа, но градоначалникот на Бихаќ побара од Министерството за одбрана да дозволи војниците да се вклучат во расчистувањето.

Според хидрометеоролошкиот завод се очекуваат нови врнежи до снег, а температурата следните денови ќе падне и до минус 16 степени Целзиусови.

Слични содржини