Снепчет дисморфофобија – болест на модерното време

од desk2
147 прегледи

Од венчиња со цвеќе ставени како круни, до кучешки уши и смешковци – Снепчет (Snapchat) филтрите се многу атрактивни за луѓето кои често прават селфи и сакаат да обработуваат фотографии. 

Некои од нив се навистина зависници до таков степен на оваа социјална мрежа, што воопшто не си се допаѓаат, кога ќе видат исчистена своја фотографија, без никакви филтри или додатоци. Тие сакаат и во реалниот живот да изгледаат како на сликите на Снепчет.

Оваа желба навистина се манифестира кај многу луѓе, се наведува во извештајот на Американската медицинска асоцијација за пластична хирургија на лице. Според авторите, оваа состојба може да се смета за ментално нарушување – дисморфофобија.

Дисморфофобијата често се нарекува болест на модерното време. Луѓето кои страдаат од неа се убедени дека се грди и нивниот надворешен изглед ги одбива од околината. Тие имаат искривена слика за себе. Ова се оценува како еден вид на опсесивно-компулсивно нарушување, и затоа треба да се сфати сериозно. 

– За некои луѓе со дисморфофобија, целиот нивен живот зависи од тоа дали изгледаат добро и дали ги маскирале работите кои тие ги чувствуваат како физички недостатоци”, објаснува Том Хилдебранд, доктор по психологија.

Оваа манија да се изгледа како од фотографиите со филтер, веќе може да се нарече “Snapchat дисморфофобија”. Апликации, како Snapchat и FaceTune придонесуваат уште повеќе за создавање на нови, недостижни стандарди за убавина. Пластичните хирурзи коментираат дека во минатото пациентите сакале да изгледаат како од сликите на нивните омилени познати личности во списанијата, а денес сакаат да се како “филтрирана верзија на себе – со полни усни, поголеми очи, потенок нос” – како што изгледаат на нивните обработени фотографии. 

Тоа е застрашувачки, бидејќи кај зависните корисници на социјалните мрежи за фотографии, границата меѓу фантазијата и реалноста е нејасна. Тие навистина мислат дека би можеле да направат операција, со која би изгледале како на филтер-фотографијата.