354
Со 108 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, од вкупно 117 присутни пратеници, Собранието се распушти. Со ова и официјално почнува предизборниот процес во земјата.
На распуштањето претходеа седници на кои се изгласа Законот за Јавно обвинителство, Законот за Совет на јавни обвинители, Законот за одбрана и уште неколку законски решенија.
Пред пратениците се обратија координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески и Никола Мицевски, како и претседателот на Собранието, Талат Џафери, но во име на пратеничката група на ДУИ.
Собранието се распушти без до пратениците да стигне предлог за технички министер за труд и социјална политика, со што ингеренциите одат во рацете на заменик министерката.
А.Т.