Црн „мерцедес бенз“ влетал во лобито на „Трамп плаза“ во њујоршкото предградие Њу Рошел, при што полесно се повредени двајца минувачи и возачот, пренесува „Њујорк тајмс“.
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство немаат стан во овој луксузен 40-катен станбен објект, но тој е во нивна сопственост.
Локалната мрежа Еј-Би-Си пренесува дека возачот по влетувањето излегол од својот „мерцедес“ и седнал на софата во главниот хол.
Според полицијата, упадот бил несреќен случај во кој нема ништо сомнително.
Workers at Trump Plaza New Rochelle say after car plowed into lobby, make driver got out and took a seat on a sofa. Said nothing. Several injuries but none are life threatening. pic.twitter.com/kJz1FRy5ra
— Tony Aiello (@AielloTV) September 18, 2019
Застапникот за имотот на Трамп не бил достапен за коментар,но во електронска порака до Еј-би-си ѝ се заблагодарил на полицијата за брзата реакција.