Со остар предмет ја нападнал својата невенчана 17-годишна сопруга

од Nikola Popovski

МВР информира дека 18-годишник од Штип физички ја нападнал својата невенчана седумнаесет годишна сопруга.

-На 13.07.2021 од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода Е.А.(18) од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на ул.„Нада Бутникошарева“ во Велес, физички ја нападнал неговата невенчана 17-годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди, соопштија од полицијата.

Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

-По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, изјави Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес.

Слични содржини