Со ребалансот на Буџетот ќе има повисоки плати за наставниците, поголеми пензии и субвенции за земјоделците

од Nikola Popovski
225 прегледи

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска на прес-конференција изнесе неколку детали за предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година.

-Тој соодветно ги отсликува приликите во нашата економија и нашето стопанство. Претставува фискален одговор на тековните глобални случувања. Овој ребаланс е за целосно закрепнување на економијата од пандемијата, но и поддршка на граѓаните во екот на глобалната криза. Со него обезбедуваме нови 76 милиони евра за мерки за заштита на стандардот на граѓаните, кажа меѓу другото Бесими.

Според него, со овој ребаланс се обезбедени 52 милиони евра субвенции за земјоделците, за покачување на пензиите, за покачените плати на наставниците, за субвенции и покачување на минималната плата во јавниот и приватниот сектор.

Слични содржини