Со тесла ја нападнал снаата поради нерасчистени имотни односи

од desk2

Б.П.(59) со неколку удари со тесла во пределот на главата и нанел тешки телесни повреди на неговата снаа за брат С.П. (54), поради нерасчистени имотно правни односи, синоќа околу 20 часот, во село Мирковци.

Жената е пренесена во Клинички центар-Скопје и се наоѓа во животна опасност.

Б.П. е приведен во Полициска станица Кисела Вода, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини