Со заемот од ММФ треба да преживее економијата, вели Јовановски

од Nikola Popovski

Го земаме земаме од ММФ за да преживее економијата, но не смееме само на него да се потпираме, вели Зоран Јовановски од Стопанска комора на Македонија.

Јовановски посочува дека земја со најголем долг во моментов е Јапонија.

-Ние имаме долг од 57,1 милиони евра. Битно е колкав е капацитетот на земјата да го сервисира долгот. Ние голем маневарски простор немаме, додава Јовановски.

Според него, прашањето за задолженоста е прашање за идните генерации.

-Не можеме ние во зима сите да одиме во шума и да ги исечеме сите дрвја за да се згрееме. Треба да му приоѓаме на прашањето за задолжување исто како што дома му пристапуваме со кредитните и дебитните картички. Не може влезени во минус да одите на одмор. Принцпите се исти и да се применат, без разлика дали е Буџет на државата. Одговорност мора да има, кажа Јовановски во емисијата „Клик плус“.

Слични содржини