Собранието ги изгласа дополнителните заменици министри во техничката влада

од Aleksandar Todeski

Со 97 гласа „за“, пратениците ги изгласаа петмината дополнителни заменици министри кои ќе бидат дел од техничката влада.

Дополнителните заменички министерски места ги поплнија кадри од владејачката СДСМ, Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкриељ во Министерството за труд и социјална полтиика.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дополнителните заменици министри кои се избрани се Цветан Трипуновски во министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Невенка Стаменковска – Стојковски во Министерството за информатичко општество и администрација и Гордана Димитриеска Кочоска во Министерството за финансии.

Претходно, собранието со 101 глас „за“ ги изгласа и предлозите за технички премиер и министри во владата.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

 

Слични содржини