Собранието ќе добие нови пратеници!

од Берта Китинска

На денешната седница ќе се направи верификација на нови пратеници за новите мандати на местата на оние кои станаа градоначалници воедно ќе се одржи и  51 седница која беше закажана пред изборите но не се одржа.

Локалните избори донесоа промена во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг и ќе бидат градоначалници.

Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. На негово место треба да дојде Љубица Спасова со реден број 12 од листата на партијата на минатите избори.

Тимчо Муцунски е нов градоначалник на Општина Аеродром. На негово место доаѓа Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ, кој беше на осмото место на листата на партијата и коалицијата во првата изборна единица.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Општина Бутел. Во собраниските клупи ќе го замени Зоран Коцевски, кој на листата на пратеници во втората изборна единица беше на осмото место.

Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Штип, и на неговото место во Собранието доаѓа Драган Ковачки од третата изборна единица.

Во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ во Охрид и Биљал Касами од Беса во Тетово.

Снежана Калевска Ванчевска од СДСМ напомена дека Собранието може и мора да функционира.

Работата беше прекината бидејќи тоа е пракса за сите избори, овојпат беа локални, иако пратениците немаа седници, сепак таа пракса ја применуваме за да не влијае работата на самата кампања, рече пратеничката од редовите на СДСМ и претседател на законодавно-правната комисија и член на комисијата за правен систем, Снежана Калевска Ванчевска во гостувањето на „Утински брифинг“.

-Законодавно правната комисија има најмногу работа и најмногу седници бидејќи сите закони и договори мора да се разгледаат, да се проверат, на пример иако немаше седници сепак пристигнуваа предлог закони, буџет итн, рече таа.

Слични содржини