Соиграчите се потешко да го толерираат Меси (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Лео Меси пристигна во Пари Сен Жермен со ореолот на најдобриот фудбалер на денешницата, веројатно на сите времиња, но она што го покажа во првите шест месеци во новиот клуб е далеку од нивото на кое се надеваа навивачите.

Аргентинецот постигна само седум гола на 22 натпревари, но играта можеби е уште позагрижувачка од статистиката. Откако одигра очаен меч против Реал Мадрид и промаши пенал, Меси беше уште полош на дуелот против Нант, кој ПСЖ го загуби викендот (3:1), а се чини дека и неговите соиграчи го загубија трпението.

На почетокот тоа не беше забележано, но сега на социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа дека португалскиот играч за врска Данило бил бесен на Меси поради фаулот што морал да го направи.

Данило прави прекршок за жолт картон, а само затоа што неколку секунди пред тоа Меси не го запре Виничиус. Беа во дуел, но Меси влезе млако и му дозволи на Бразилецот да му побегне. Бидејќи добро знаеме колку е опасен кога ја влече топката, Данило мораше да реагира …

Дури откако доби жолт картон поради грешката на Меси, Данило почна да му вика на Меси бидејќи воопшто не се обидува да брани, а тоа сега е премногу очигледно кога нема вистински придонес во нападот.

Погледнете:

Слични содржини