Сојузот на средношколци на средба со пратениците: Бојкотот на наставата ќе продолжи и во понеделник

од Nikola Popovski

Сојузот на средношколци денес имаше средба со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по што соопштија дека очекуваат и бараат поддршка од сите пратеници и сите политички партии за нивните барања во врска со државната матура.

„Овие барања не смеат да бидат политизирани. Тоа што го знам е во понеделник е сигурно дека нема пак да се вклучиме во настава затоа што матурантите низ целата држава се фрустрирани и ние не можеме да носиме одлуки против нивниот интерес“, изјави претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи.

Тој соопшти дека Генералното собрание на Сојузот на средношколци на денешниот состанок што ќе се одржи попладнево ќе одлучи дали ќе бојкотираат или протестираат во текот на наредните денови.

На средбата со групата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, се дискутирало за барањето на Сојузот за државната матура, поточно за намалување на бројот на предметите од четири до два.

Слични содржини