Солшер како култен лик од „Господар на прстените“

од desk2
186 прегледи

 

Традиционално инвентивни, но и незгодни англиски навивачи сакаат да се шегуваат на сметка на играчите и тренерите на противничките екипи. Овојпат Норвежанецот Оле Гунар Солшер кому одлично му оди со Јунајтед, забележаа дека прстенот му сјае на левата рака.

На друштвените мрежи на Островот почнаа да кружат фотомонтажи на кои тренерот на Манчестер Јунајтед е претставен како Смигол, култниот лик од „Господар на прстените“.

Изгледа дека Манчестер Смигол повторно дојде во посед на Прстенот на моќта, но овојпат ја скроти неговата сила. Со Манчестер јунајтед Норвежанецот нанижа четири победи.

Во Пол Погба го пронајде својот Саруман, волшебник од средина на теренот кој суверено владее со своите трупи, додека од Ромело Лукаку створи Урук-хаи воин гладен за голови.

Јунајтед (38) е приближи до Арсенал (41) и полека се враќа кон врвот на англискиот фудбал. Газат се пред себе и не мислат да сопрат. Но и трупите од Исенгар газеа се пред себе, но на крај неславно завршија, а останува да видиме дали Оле ќе биде „окрунет“ за менаџер на Јунајтед како Арагорн во Гондор или пак неговата „кула манчестерска“ ќе се урне како онаа на Саурон.