Сончево со умерена облачност, утре пообилни врнежи

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од -2 до 6 степени, а дневната од 9 до 21 степен.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 2 степена, а дневната до 19 степени.

Во вторник под влијание на нов влажен бран повторно ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Потоа во следните денови ќе биде постабилно, со слаби локални врнежи од дожд.

Слични содржини