Сообраќајка на „Џон Кенеди“: Еден потешко и тројца полесно повредени

од Nikola Popovski

МВР информира дека четири возила учествувале во сообраќајна несреќа која вчера во 21:25 часот се случила на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје.

„На 14.03.2021 во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(67) од Скопје, патничко моторно возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(20) од Скопје, патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(29) од Скопје и паркирано патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Е.М.(47) од Скопје“, велат од МВР.

Според нив, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “шкода фабиа“ С.Ч.(61), а со телесни повреди се здобиле Р.И., сопатникот од истото возило Б.Т.(21) од Скопје и В.Ч., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини