Лав 7/10
Лавовите се сакаат себеси и то може некого да го изнервира, но тоа е причина да не се трошите на ситници. Жената родена во овој знак го бара најдоброто за себе и тоа во еден маж. Но, доколку се покаже дека мажот не е способен, таа нема да издржи долго, туку веднаш ќе тргне во потрага за нов љубовник.
Рак 7/10
Луѓето родени во знакот рак не се менуваат и не сакаат да менуваат ништо околу себе. Доколку мажот ја изневери жената рак, таа нема да побара развод, туку ќе наоѓа начини како да го спаси бракот. Ќе го издаде и изневери мажот само во краен случај од очај или голема потреба да му се одмазди. Другиот партнер го бираат долго и умно.
Водолија 8/10
Водолијата ќе флертува со задоволство и често, но нема да изневери никогаш. Водолиите обожуваат излегувања, дружења и тоа секогаш ќе го прифатат како понуда. После караницата со мажот, со задоволство ќе отидат во бар со друштво да заборават на се. Меѓутоа, мажот го изневеруваат само при крајна неопходност.
Бик 10/10
Бикот го сочинуваат чисти принципи. Жените во знакот бик никогаш нема да го издадат сопругот. Меѓутоа, нивниот сопруг не ни помислува да ги изневери бидејќи знае дека жената бик никогаш нема тоа да го прости.
Девица 10/10
Исто како и жените бик, така и жените родени во знакот девица никогаш не би го изневериле сопругот и тоа поради емоциите, а не разумот. Верноста на овие жени се заснова на тоа дека толку многу го сака својот маж дека не гледа никој околу себе. Нивните сопружници потполно ги разбираат и исто така никогаш не изневеруваат.